Да не му падне на памет на Ѓорге Иванов да аболицира изборни криминалци, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев пред велешани попладнето.

images (31)

Претседателот Заев придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со општинското раководство на СДСМ во Велес, денеска имаше средби со граѓаните во градот. По низата докази и информации за изборен криминал, во говорот пред велешани, претседателот Заев го оспори легитимитетот на Ѓорге Иванов.

-Стотици илјади гласачи се спорни. За тоа Груевски даде оставка. Што мисли Иванов, Груевски не е легитимен, а тој е легитимен? Ѓорѓе Иванов треба да даде оставка и Македонија да добие легитимен претседател на државата кој ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија, повика претседателот на СДСМ пред бројните граѓани.

Тој рече со срамната одлука Уставниот суд се обидува да ја заштити тесната група на власт за којашто Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за злосторничко здружување за изборен криминал, што го потврдија стотиците илјади фантомски гласачи откриени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и уште повеќе од толку спорни гласачи во Избирачкиот список констатирани од Државната изборна комисија.

-Сите ја гласавме методологијата на ДИК за проверка на Избирачкиот список и теренска проверка на фантомските гласачи мора да има, нема отстапки, рече претседателот Заев.

Слични содржини