Заев: Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан на 1 август, на македонски и на бугарски јазик

од desk2

Новата влада застана цврсто на евероатланстскиот пат, за градење на современи добрососедски односи Договор за доброседство, пријателство и соработка со Бугарија е исчекор во перспективите на граѓаните, а премиерот Зоран Заев, кој денеска го објави договорот пред јавноста рече дека очекува силна поддршка од Бугарија за Македонија на евроатланскиот пат.

Синоќа на седница на Владата беше усвоен извештајот за извршените преговори за договорот, Владата го прифати услогласениот текст и донесе одлука да биде потпишан договорот.

– Договорот е во согласност со националните интереси. Договорот е одраз на новиот дух на политичари, кои градат мсотови, а не уриваат. Како премиер и Владата сме цврсто решени да водиме политики кои решаваат, а не создаваат прооблеми.Договорот го услогласивме затоа што имаме сосед со добра волја за да затвориме прашања кои ни го одземаа времето и енергијата. Договорот јавно ќе биде објавен на веб-страницата на Владата. Ве уверувам, тој е основа за добрососедство и пријателство, за патна и гасна инфрасуруктура, за унапредување на трговската размена, и се надевам ќе биде силен импулс за Коридорот 8 – рече Заев.

Тој рече дека со договорот ќе бидат заштитени правата на македонското малцинство во Бугарија.

На прашањето, на кој јазик ќе биде потпишан договорот, Заев рече тој ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик, а двајцата премиери ќе бидат потпишани на двата примерока.

– Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Македонија и на бугарски јазик, согласно Уставот на Бугарија. Ќе биде во два примероци, на македонски и на бугарски јазик, на кои потпис ќе ставиме јас и бугарскиот премиер – рече Заев.

Според Заев со договорот, двете земји застануваат заеднички против говорот на омраза и провокации и се обврзуваат дека заедно ќе ја спречуваат евентуалната негативна кампања.

Заев рече дека ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Република Македонија, најверојатно во Скопје, затоа што 2 август Илинден, ќе се прославува на неколку места.

Слични содржини