Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека пред извесно време се сретнал со родителите на загинатите деца кај Смилковско езеро, но додаде дека имал средба и со роднините на осудените.

Screenshot_4

Заев изјави дека и двете страни трагаат по вистината за петкратното убиство и повтори дека СДСМ во идниот период ќе ги обелодени сите информации кои ги има за овој случај, пренесува А1Он.

„Пред повеќе време имав средба со родителите на децата, но и со роднините на осудените лица. Ги ислушав сите за она по кое трагаат и морам да заклучам дека и двете страни копнеат и трагаат по вистината. Таа вистина што ја имам ќе ја обелодениме пред јавноста„ изјави Заев по денешниот распит во Јавно обвинителство каде даде исказ за случајот „Пуч“.

Родителите на жртвите кај Смилковско езеро пред неколку дена изјавија за медиумите дека според нивни информации претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и се заканувал на обвинителката која го водеше случајот, да не ги објави кодираните телефонски разговори меѓу осудените и нарачателите на убиството./Извор А1Он

Слични содржини