Зоран Заев, во изјава за хрватска телевизија „Нова ТВ“ вели дека не сакал да му ја каже вистината на премиерот Никола Груевски за тоа од каде ги добил материјалите за наводните криминални и коруптивни активности на премиерот и неговите блиски луѓе.

zaevGruevski

– На прашањето од каде дојде овој материјал до мене, му реков дека се странски служби. Па веројатно нема да ги издадам оние кои се охрабриле и ми ги дале тие материјали. Намерно реков странски служби затоа што некој може да го изгуби животот, животот на своето семејство. Тие луѓе се нивни соработници. Тие не можеа да продолжат да живеат знаејќи што се случува во нивната земја. Во нормална земја тие материјали се доставуваат во Јавното обвинителство, ама тие знаат дека ние немаме Јавно обвинителство, немаме судство – изјавил Заев за телевизијата./A1Oн

Слични содржини