Здравата храна со скриени калории

од Vladimir Zorba

Мислите дека смутито и енергетските барови се диетални? Всушност, понекогаш реалноста е сосема поинаква. Некоја “здрава” храна има скриени калории кои би попречиле на вашиот режим на исхрана и одржување на тежината. Платформа за нарачка и испорака на храна, foodpanda, избра некои “диетални” плодови со кои треба да бидете повнимателни.

Мафин од трици: Многу од овој тип производи со трици, содржат околу 800 калории, од кои повеќето доаѓаат од шеќери, масти, масло, суво овошје. Се разбира, овие калории се разградуваат полесно од набавените преку чоколадо или паста, на пример.

Мусли: Пченкарниот овес се подготвува со хидрогенизирани масти и во повеќето случаи, содржи  шеќери. Една чаша мусли со млеко може да надмине 600 калории.

Мисирка: Ова е одличен извор на чист протеин и соодветна здрава храна за секого. Тоа е така, само ако се домашни мисирките. Пакуваната, содржи многу зачини и високи нова на натриум, што ја прави нездрава.

Сушено овошје: Тие содржат повеќе шеќери отколку свежо овошје и многу конзерванси, кои се додаваат за зголемување на рокот на траење. Додавањето на редовна доза свежо овошје е подобро од сушената варијанта.

Салати: Само затоа што се вика салата, не значи здраво. Зеленчуци- да, но салатите содржат пржено пилешко, крутони, сосови, го зголемуваат нивото на транс-мастите и шеќерите. Бидете умерени со потрошувачката на овој вид салати.

Слични содржини