Зошто сексот на плажа не е добра идеја?

од Vladimir Zorba

Сексот на плажа е меѓу работите за кои може да мислиме дека се крајно романтични и возбудливи. Да, плажата дефинитивно создава чувство на романтика – брановите се расчленуваат, а морето се протега како до бескрајот. И покрај оваа идилична слика сепак, љубовните бакнежи таму може и да не се покажат добра идеја. Еве зошто.

Крајниот резултат може да е габична инфекција

Песокот во косите и лицето е едно, но сосема друга работа е кога тој ќе дојде на најинтимното место. Не само што чувството е непријатно, но паѓањето на бактерии во вагината може да доведе до габични инфекции или дури и нешто уште полошо. Затоа треба да размислиме два пати пред да се упатиме со партнерот кон плажа со таква намера.

Недостаток на подмачкување

Оние кои имаат искуство со сексот под туш, добро знаат дека присуството на вода не е во помош на подмачкување – всушност ефектот е сосема обратен. Истото се случува ако нурнуваме во морето.

Ако сепак идејата за секс на плажа нè возбудува, треба да се држиме до сувите места.

Можеме да се повредиме

Никогаш не можеме да знаеме што се крие во песокта, особено ако сме на јавна плажа. Љубовната сесија може да заврши со солзи или дури во ургентното одделение, ако седнеме на скршено стаклено шише, скриено во песокот, на пример.

Слични содржини