Ѓорѓиевски бара да му се зголеми платата на над 90.000 денари месечно ?!

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски до Советот на општината поднел предлог точка со која бара измена на член од Одлуката за извешување на Буџетот на општина Кисела Вода, односно промена на коефициентот за исплата на плата на Градоначалникот да изнесува 3,4 а основицата на која се пресметува изнесува 26.755,00 денари, пренесе 24 инфо.

Ова во суштина значи зголемување на платата на градоначалникот Ѓорѓиевски на над 90.000 денари или точно, 90.967 денари и тоа барање доаѓа лично од него.

Слични содржини