Џенифер Анистон во микро „Шанел“ бикини на насловна страница (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Анистон носеше микро бикини на „Шанел“, што не го очекувавме, особено овој период од годината. Но, списанието Allure ја откри својата најнова насловна страница, каде Џен позира во костим кој најмногу им одговара на младите.

„Џенифер Анистон не е тука да не измами или да ја скрие вистината“, стои во описот на фотографијата на Инстаграм.

„Се чувствувам најдобро како што сум денес, подобро отколку што се чувствував во моите 20-ти и 30-ти, дури и во средината на 40-тите. Треба да престанеме да си зборуваме чисти глупости. Еден ден ќе имаш 65 години и ќе си помислиш дека си изгледала одлично на 53“, се додава во описот.

Слични содржини