🎥Дончиќ даде кош за победа, па се сврте кон Дивац и …

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Далас го победија Сакраменто на гости со 107:103, а крајот на натпреварот го означи Лука Дончиќ. Тој го погоди последното слободно фрлање и се сврте кон првиот ред по центарот на теренот, каде што седеше Владе Дивац со сопругата.

Тој иронично замавна во насока на Дивац, а причината беше одлуката да не го драфтува додека беше генерален директор на Сакраменто. Дури беше снимено на камера кога на играчите на клупата им кажа дека му се обратил токму на човекот кој требаше да го драфтува.

Беше голема грешка за „кралевите“ кои го доведоа Марвин Багли, момче кое сега го нема ни на „мапата“.

Дивац беше на удар на јавноста во Америка, очигледно е дека Дончиќ не го заборавил тоа и дека е желен да се одмазди што не бил на повисока позиција на драфтот.

Се чини дека оваа одлука пресуди за Дивац, кој остана без функција. Во разговор со американските медиуми, Дивац објасни дека негов избор е центарот Марвин Бегли, што доведе до расправа со сопственикот на клубот, Вивек Ранадива.

„Тоа беше моја одлука. Сè уште мислам дека Марвин има огромни предности. Но, ми требаше уште малку време да го докажам тоа. Убеден сум дека Марвин ќе им докаже на сите дека грешат. Но, во оваа лига треба веднаш да донесете резултат. Луѓето немаат трпение, но јас немам проблем со тоа“, изјави пред неколку години екс српскиот репрезентативец.

Слични содржини