🎥Погребан Роберто Кавали

од Симе Стоиков

Роберто Кавали беше погребан денеска во родниот град Фиренца, каде што почина на 12 април, на 83-годишна возраст, по долго боледување.

На погребот присуствуваше неговото семејство, петмина наследници, поранешната сопруга како и Сандра Нилсон, со која доби ќерка во 2023 година.

Според извештаите, на погребот присуствувала и првата сопруга на Кавали, Силванела Џанони, со која тој бил во брак од 1964 до 1974 година.

Познатиот креатор беше испратен од познати личности од Италија, а по богослужбата одржана во црквата, ковчегот со телото на Роберто Кавали беше пренесен во автомобилот на погребната служба.

Роберто Кавали беше испратен со солзи и аплаузи од присутните.

Слични содржини