📸 Полн погодок: Рајан Рејнолдс се фотошопираше себеси на фотографија на Блејк Лајвли и Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се познати по тоа што сакаат да се шегуваат еден со друг, а откако актерката неодамна ја исмеа рутината на нејзиниот сопруг во теретана и тој одлучи да се пошегува со неа.

Имено, Блејк на Инстаграм објави фотографии од лондонската премиера на филмот на Бијонсе Renaissance, а на една од нив позира со една од нејзините најдобри пријателки Тејлор Свифт.

Блејк и Тејлор позирале на кауч во кратки светкави фустани, а актерката ја држи раката на бутот на својата пријателка.

Рајан видел добра можност да се пошегува со сопругата. Актерот го фотошопирал своето лице на лицето на сопругата, а наместо на Тејлор Свифт го залепил лицето на Тревис Келси со кој Свифт е во врска. Резултатот, се разбира, е полн погодок.

Да потсетиме, Рејнолдс и Лајвли се запознале во 2010 година на снимањето на филмот Green Lantern. Во брак се 11 години и имаат четири деца.

Слични содржини