📸 Принцот Хари имал кратка средба со кралот, објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska

По веста дека кралот Чарлс има рак, принцот Хари итно се упати во Лондон.

Хари допатувал во Велика Британија за да го види својот татко и веднаш по слетувањето имал кратка средба со кралот.

И покрај лошите односи во кралското семејство, Хари веднаш пристигна во посета на Чарлс, а фотографиите од принцот привлекоа големо внимание во јавноста.

Според странски извори, војводата од Сасекс вчера долетал од Калифорнија за да може да помине само 45 минути со кралот Чарлс.

Хари не преноќил во кралската резиденција и нема намера долго да престојува во Лондон. Тој веќе се подготвува за своето патување назад во Монтесито каде живее со сопругата Меган Маркл и нивните две деца Арчи и Лилибет.

Се претпоставува дека војводата ќе ѝ се придружи на Меган следната недела на комеморативниот настан Invictus Games кој се одржува во Ванкувер.

Слични содржини