📸 Северина го напушти Загреб со синот? Пејачката збуни многумина со објава на Инстаграм

од Stefanija Kuzmanovska

Северина Вучковиќ сподели изненадување кое ѝ било приредено, со специјална порака упатена до неа и нејзиниот син.

Пејачката Северина со недели е во фокусот на интересот на сите медиуми поради ситуацијата во која се наоѓа околу старателството над синот Александар.

Врховниот суд ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и го довери нејзиниот син Александар, кој пејачката го доби со поранешниот партнер Милан Поповиќ, на татко му.

Поддршка за пејачката доаѓа од сите страни, а сега покажа какво изненадување ја дочекало во хотел. Таа на Инстаграм покажа дека ја дочекале шампањско и торта со порака во хотел во Опатија.

„Северина, Александар добредојде“, пишува на чоколадната торта, а заедно со неа е додаден и хаштаг кој пејачката секогаш го остава на социјалните мрежи, а на кој пишува: „Љубовта се враќа со љубов“.

Не се знае дали Александар е со неа во хотелот или додавањето на неговото име е само израз на поддршка. Северина не откри, а не споделуваше ниту заеднички фотографии, бидејќи судот ѝ забрани, пишува „Мондо“.

Слични содржини