📸 Жешки календари: Австралиските пожарникари уште еднаш ги покажаа своите мускулести тела

од Stefanija Kuzmanovska

„Изгледаат како Афродита самата да ги извајала за себе“, „Гледајќи ги веднаш ми го разубавеа денот“, „Одеднаш ми е многу, многу жешко“, „Чувствувам дека сум запалена и мора да ме изгаснат“ – ова се дел од коментарите на жените ширум светот кои не можат да останат рамнодушни кога ќе ги видат австралиските пожарникари кои и оваа година имаат посебно задоволство за нив.

Тие објавија календари за 2024 година во кои позираат голи до појас, со или без слатки животни во рацете.

Достапни се во шест варијанти – класични, со кучиња, со мачки, со разни животни, со коњи и пожарникари како херои. Цената е 23 австралиски долари (околу 14 евра).

Вакви календари се изработуваат од 1993 година, а за секое снимање се собираат од цела Австралија.

Тие доаѓаат од урбаните делови на земјата, од селата, од вооружените и воздушните сили и од корпоративните противпожарни служби.

Снимањето на најновите календари траеше неколку недели, а целиот приход, како и секоја година, оди за хуманитарни цели.

Од нивното основање во 1993 година, тие донираа повеќе милиони австралиски долари на различни добротворни организации низ целата земја, од оние кои се грижат за болните деца до организациите за заштита на животните. Секоја година тие се сè попопуларни, па календарите ги нарачуваат луѓе од целиот свет.

Слични содржини