📸Најголемата ѕвезда на денешницата носи обувки кои ги обожаваат бабите со многу стил

од Radmila Tasevska

Најпопуларната музичка ѕвезда на денешницата е верна на својот стил, класични парчиња со ретро вибрации, а во последното појавување во јавноста уште еднаш покажа дека мини здолништа се нејзиното омилено парче облека, пренесе Стандард лајф.

Тејлор Свифт носеше ултра кратко здолниште со мокасини со потпетици. Чевлите кои сме навикнати да ги гледаме на нашите баби се дефинитивно еден од најпосакуваните модели на обувки оваа сезона, а русокосата ѕвезда веќе некое време го носи овој модел на Prada.

Тејлор Свифт
Тејлор Свифт

Комбинацијата ја заокружи со чанта од брендот Manu Atelier и црна јакна со крзнен детал, потпишани од нејзината добра пријателка Џиџи Хадид.

Ефективната кожна јакна со потписот на брендот Guest in Residence моментално е распродадена.

Слични содржини