📽 Борел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во мирот, безбедноста и напредокот

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска, по повод самитот на лидерите на ЕУ со земјите кандидати од Западен Балкан, објави дека проширувањето на ЕУ е инвестиција во „мирот, безбедноста и напредокот“.

Борел посочи дека претстојниот самит во Брисел е „најважната средба“ на ЕУ и Западен Балкан оваа година, како и дека ги зајакнува врските на блокот со регионот и ја подобрува соработката за надворешни и безбедносни прашања.

Во видеото на платформата Х, Борел додаде дека Западен Балкан е од стратешко значење за Европската унија, како и дека Унијата „смета на идните членки како доверливи партнери“.

„Нашиот одговор на геополитичките предизвици е геостратешко инвестирање во мир, сигурност и безбедност“, наведува тој во видеото.

Слични содржини