📽 Дрејк освои 1,9 милиони фунти и испрати порака до Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska

Рап ѕвездата Дрејк (37) освои импресивни 1,9 милиони фунти откако ги поддржа Канзас Сити Чифс на Супер Боул, кои беа поддржани и од Тејлор Свифт. Чифс остварија победа на натпреварот, па Дрејк имал огромна причина за славење.

Прославениот уметник е познат по тоа што вложува огромни суми на пари на големи спортски настани, при што UFC често е цел на неговите облози, а овонеделниот Супер Боул беше уште една можност за Дрејк да вложи големи пари.

Прославувајќи по натпреварот, Дрејк се снимал себеси како ја слави својата „победа“ и открил дека заработил огромна заработка од победата на Чифс.

Тој вложил 910.000 фунти на Чифс и за возврат доби 1,86 милиони фунти, пишува „Дејли мејл“.

Тејлор Свифт, девојка на ѕвездата на Канзас Сити, Тревис Келси, која беше во Вегас за да го следи настанот и да биде со своето момче, доби голем поздрав од Дрејк.

„Сепак, не можам да се обложувам против фановите на Тејлор Свифт“, се пошегува Дрејк.

Слични содржини