📽 Хилари Клинтон танцуваше на „Макарена“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон била снимена додека се обидувала да танцува на познатата „Макарена“ на забава во Шпанија.

Во видео кое се појави на Инстаграм, Хилари може да се види како танцува пред група луѓе на добро познатиот хит од 90-тите. Таа се обидува да ги следи останатите, но изгледа несигурна во нејзините потези.

По состанокот во Мадрид со министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, Клинтон отпатува за Севиља за да присуствува на забавата во нејзина чест во култната сала Паласио Лас Дуенас.

Во 20 век, Лас Дуенас беше место за средба на членовите на европските кралски семејства и меѓународни фигури од светот на културата, политиката и уметноста.

Шпанските медиуми истакнуваат дека е чудно што поранешната државна секретарка не ги знае движењата на „Макарена“, имајќи предвид дека овој хит често се користел на настани на Демократската партија за време на кампањата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.

На настанот наводно присуствувале и други почитувани музички уметници и изведувачи како Давид Бисбал, Пабло Лопез и Ванеса Мартин.

Слични содржини