📽 Лиса Кудроу откри зошто Фиби во „Пријатели“ морала да има сестра близначка

од Stefanija Kuzmanovska

Серијата „Пријатели“ е една од омилените на многумина, а актерите кои ги толкуваа главните улоги станаа светски познати.

Една од нив е Лиса Кудроу, која ја играше Фиби Буфе во серијата, како и нејзината сестра близначка Урсула, која се појави во неколку епизоди.

Во едно интервју, Лиса открила зошто ликот на Урсула морал да постои во „Пријатели“.

Имено, таа во тоа време ја снимала и серијата „Луд по тебе“ во кој ја играла токму Урсула, келнерка во ресторан. Меѓутоа, во пресрет на премиерата на „Пријатели“ во 1994 година, се појавил проблем кога се испоставило дека Лиса ќе се појави на истиот канал во две различни улоги, открила актерката своевремено, пишува Screen Rant.

Поради оваа причина, како што се наведува, сценаристите решиле „постепено да го воведат ликот на Фиби во серијата“ и во „Пријатели“ ги споиле Фиби и Урсула за да нема мешање на ликови од различни серии.

Слични содржини