📽 ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ: Двајца полицајци избодени со нож

од Stefanija Kuzmanovska

Утрово околу 08:10 часот, терорист вооружен со нож избодел двајца припадници на израелската полиција во близина на полициската станица Шалем во источен Ерусалим.

Како што соопшти израелската полиција, двајцата припадници на граничната полиција се тешко ранети со убоди со нож во овој терористички напад кој се случил утринава во близина на Иродовата порта во Стариот град во Ерусалим.

„Терористот беше убиен од полицајци кои пристигнаа на местото на нападот. Помош била укажана на 20-годишна жена која е тешко повредена и на млад човек кој се здобил со полесни повреди. Тие потоа се пренесени во болница на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.

Слични содржини