11 години владеење – што остави власта на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

По 11 години, ВМРО-ДПМНE, предводена од Никола Груевски заминува во опозиција. Груевски, веќе година и половина не е премиер, а иако на негово место е Емил Димитриев, сепак, токму Груевски и натаму продолжуваше да настапува како да е уште на таа функција, анализира  ТВ 24.
Ги испрашува министриите. До вчера од нив бараше одговори за прокетите и вршеше увид.
На политичката сцена како премиер се промовираше како реформатор – со економска предизборна програма „Преродба во 100 чекори“. На позцијата дојде кога имаше 36 години, ветувајќи дека на земјава ќе и се случи преродба. Како клучен адут таргетираше брз економски развој, одвојување на политичката компонента од јавната администрација, унапредување на земјоделството, образованието, здравството, консолидација на државните институции. Во  јавноста сакаше да се прикаже како човек од народот, чесен и искрен политчар.
Но, политичките бомби на СДСМ го обезличија, не само него, туку и неговите најблиски соработмници. Се обиде да го спречи објавувањето на бомбите, анализра ТВ 24.
Првата петорка на Груевски, сега се соочува со тешки обвиненија за криминал. Сомнежи за проневара на државни пари, местење на тендери – за лична корист, но и за корист на партијата, која во време на владеење на Груевски, стана најбогатата партија во Европа, побогата дури и од партијата на Ангела Меркел. Си зема за моќ, освен на прес конференциите да доцни и на состаниците со канцеларката Меркел, која пак на последната средба – иако никој не кажа јавно, сепак според информациите јасно му кажала мирно да ја предаде власта.
Привлекувањето на странските инвестиции тврдеше дека е негов адут, но дали „дил ориентед“ бизнисот сепак бил поважен доправа ќе треба да утврдат судовите.Стапката на невработеност се намали, но економистите се сомневаа дека бројките се наместени, исто како што се сомневаат и дека се крие вистинскиот износ на јавниот долг.
Контроверзнипот проект Скопје 2014 го одбележа владеењето на Груевски. Архитектите протестираа, Скопјани негодуваа. Главниот град доби нов изглед. Најавен дека ќе чини 80 милиони евра, сепак сумата според истражувања на БИРН достигна 700 милиони евра. Пари за кои никогаш владата на Груевски не даде отчет.
Плитички затвореници, новинари зад решетки, затворање на медиуми, во ерата на Груевски, Македонија се најде на листата земји со неслободни медиуми. Две и пол години по објавата на политичките бомби кои отворија сомнеж и го прикажаа рецептот за успех на неговиот тим од Јанкуловска, Протугер, Ставрески, Канческа-Милевска, Јанакиевски за добивање на изборите во 2011 и 2014 година – на последните избори, организрани од техничка влада, Груевски не успеа ниту приближно да го потвори изборниот резултат од претходно.
Сега Груевски седна во опозицкото столче во Собранието. Како ќе се однесува како опозиција, ќе видиме. Во 2003 година за да го спречи носењето на буџетот од тогашната власт – му ја украде картичката на спикерот Јордановски.
Пратеникот Груевски, освен што ќе треба да дебатира во Собранието ќе треба својата невиност да ја докажува и пред судовите, во истовреме за неоговата лидерска позција во партијата амбиции пројавуват и други негови сопартијци, иако засега тој вели дека оставка од ВМРО-ДПМНЕ  не поднесува.

Слични содржини