119 сообраќајни прекршоци во Скопје, 16 возеле без возачка

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Слични содржини