6 месеци затвор за таткото на Боки 13

од Hristina Nikolovska

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски e осуден на 6 месеци затвор за физичкиот напад врз свештеникот Виктор Стојчев.

Јовановски денеска не беше во судница додека се читаше пресудата.

Обвинението го товари Јовановски дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал свештеникот Стојчев по банална расправија за паркинг место, па му го скршил зглобот на ногата.

На Јовановски му се закануваше казна затвор од 6 месеци до 5 години за кривичното дело „тешка телесна повреда“.

Слични содржини