63 автобуси и комбиња што вршат јавен превоз се исклучени од сообраќај

од Nikola Popovski

МВР продолжува со акцијата за контрола на јавниот превоз во земјава.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот санкционирани се 63 возачи. При контролата, 53 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 38 возила имале неисправен уред за запирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Слични содржини