89 нови случаи на ковид-19 – пријавено едно починато лице

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 26 реинфекции.

Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од: Скопје – 82, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица(71г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 656 тестови: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-23, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-23, Биотек-11, Систина-8, лабораторија Лаор-4, Синлаб-5, Ремедика-8, Плодност-2, Генеа-2, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 307.

Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.

Слични содржини