Студентскиот пленум на УКЛО кој за утре (17.02.2015) го закажа “ослободувањето“ на Техничкиот факултет во Битола, еден час пред полноќ објави соопштение во кое ги споделува дојавите дека при прогласувањето на нивната Автономна зона ќе очекуваат соочување со група на т.н. контра-студенти формирана за бојкотирање на нивната цел. Според нивните извори, станува збор за група која дејствува по партиска директива.10430900_673791029413331_5441564154623327185_n

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

 Почитувани колеги студенти, средношколци и сите останати заинтересирани граѓани!

Добивме дојава (од извори блиски до р. Драгор), дека утре, при прогласувањето на ‪#‎АвтономнаЗона‬ на Техничкиот факултет во Битола, ќе нè пречекаат „Сакаме да учиме“ или контра-студентите, по партиска директива.

И НИЕ сакаме да учиме, а утре ќе ви покажеме како тоа се прави, односно како ние го замислуваме образовниот процес! Слободен, независен и квалитетен!

Еве, ние од Студентскиот Пленум како ЕДИНСТВЕНО ЛЕГИТИМНО студентско движење уште од сега им кажуваме дека АРГУМЕНТИРАНО сме спремни за секакво опструирачко сценарио од контра-студенти кое претпоставуваме дека ќе случи.

ДОЈДИ И ПРИКЛУЧИ СЕ! МОН окупира, Пленумот – еманципира!

Да живее #АвтономнаЗона!

‪#‎ПоздравПленумци‬!

Слични содржини