Со победата во второто полуфинале на завршниот турнир на СЕХА лигата унгарскиот тим Веспрем избори пласман во неделното финале против Мешков Брест. Веспрем оствари триумф над Загреб со 25:24 во драматична завршница.

  SEHA Final Four - PPD Zagreb - Tatran Prešov
Унгарската екипа Веспрем, која е и домаќин на завршниот турнир водеше во текот на целиот натпревар, а во неколку наврати имаше предност и од пет голови. Загреб во финишот на дуелот успеа и да изедначи на 24:24
Во првото полуфинале Мешков Брест го победи Вардар со 32:27.
Финалето Веспрем – Мешков Брест се игра во недела од 18 часот, а дуелот за 3. место ќе играат досегашните шампиони на СЕХА лигата Вардар и Загреб со почеток во 15:30 часот во недела./MIA

Слични содржини