Познатиот телевизиски и киноактер Алан Рикман, кој почина во јануари оваа година на 69 години, го пренесува своето богатство на својата сопруга, но дел од него ќе оди и за добротворни цели.4843254

Рикман ќе го остави поголемиот дел од парите во износ од 4 060 033 фунти на својата сопруга Рима Хортон. Од нив 25 000 фунти ќе добијат и тројцата внуци на актерот. Истата сума ќе ја добијат и неколку организации – Кралската академија за уметност, Кениската организација “Уметност за образование”, Фондацијата за истражување во областа на напредната хирургија, како и за хуманитарната трска на меѓународните уметници.

Рикман е познат и со силната поддршка за британската Лабуристичка партија. Неговата политичка активност го поврзува и со неговата сопруга, која е поранешна Лабуристичка советничка и професорка по економски науки. Двајцата се запознале во 1965 година, но и покрај долгогодишната врска минуваат под венчилото пред само четири години на приватна церемонија во Њујорк. Едни од најпознатите улоги на Рикман се оние во филмовите за Хари Потер, “Умри машки”, “Навистина љубов” и други.

Слични содржини