118
Џони Деп води преговори за учество во екранизацијата на класикот “Убиство во Ориент експрес” од Агата Кристи. Режисер на филмот ќе е Кенет Бран, кој исто така ќе влезе и во ликот на детективот Херкул Поаро.
Деп за возврат преговара за улогата на друг клучен лик, но се уште не е јасно кој, пишува The Hollywood Reporter. Филмот треба да биде пуштен во кината во ноември 2017 година.
Екранизацијата на криминалниот роман не е единствениот голем проект, во кој Деп ќе учествува. Тој во моментов преговара и за улога во филм за убиството на Тупак Шакур. Во него Џони треба да одигра детектив кој спроведува истрага за смртта на раперот. Приказната и на овој филм е основана на книга – “Лавиринт” на авторот Рандал Саливан.