78
Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека Косово до крајот на годинава ќе има своја војска и на никој нема да му биде дозволено тоа да го блокира, и дека условите на Србија за ова прашање неикогаш не биле дел од преговорите.
– Со планот А или со планот Б, Косово до крајот на годинава ќе има своја војска, рече Тачи во интервју за РТВ 21 на албански јазик за време на престојот во Њујорк.
Тој додаде дека трансформацијата на БСК во војска не е само одговорност на владата.
– Сега работиме со сите институции во тој поглед. Ние ќе ги исполниме сите обврски кои сме ги презеле спрема меѓународната заедница, овој процес да заврши низ уставните промени, рече Тачи.
– Нема на никого да му дозволиме да стави вето на овој процес. Сите прашања ќе бидат спроведени во соработка со меѓународната заедница, рече Тачи за РТС. Додаде дека основањето на косовската војска е одложено на некое време поради изборниот процес.
– Но сесга работиме координирано, уверен сум дека овој процес ќе завриши. Верувам и сигуренс сум дека во оваа година Косово ќе има армија, рече тој.