Тасевски: Бугарите со своите дела покажаа дека не ни се пријатели

од Vladimir Zorba

„Оној што ти е пријател и те како знае да ти покаже дека ти е вистински пријател преку делата, а не преку она што го зборува“, истакна актерот Сашо Тасевски во вечерашната емисија „Само интервју“.

„Бугарите токму преку своите дела покажаа дека не ни се пријатели, туку само ја продолжуваат таа асимилаторска политика кон Македонците и желбата тој македонски народ да го прикажат како дел од своето наследство“, рече Тасевски.

Според него, тоа на крај нема да им успее затоа што ние како народ веќе имаме свој идентитет, кодифициран јазик, и сите тие обиди еден ден ќе им пропаднат во вода.

Слични содржини