Сугарески: Поради ВМРО-ДПМНЕ, преку 100 илјади граѓани неможат да си ги легализираат дивоградбите

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ поднеле околу 1.000 амандмани на предлог законот за легализација на диовоградбите. Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески со ова тие прават класична блокада на законот и оневозможуваат тој да се изгласа пред распуштањето на пратениците, и околу 100 илјади граѓани нема да можат да си го решат проблемот со своите бесправно изградени домови.

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ги кочат процесите, свесно ги блокираат законите, и нанесуваат штета на граѓаните“, рече Сугарески.

За Законот за легализација пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу илјада амандмани, со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на парламентот, вели министерот.

„Со тоа оставија преку 100 илјади граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти. Зошто тоа го прават – си играат со трпението на граѓаните, во неможност да понудат квалитетни решенија. Законот што ова министерство го предложи има јасна цел – да се стави крај на узурпација на просторот и граѓаните да добијат законска сопственост на своите домови. Тие работат против граѓаните и државните интереси, тоа јасно се гледа од овој чин“, тврди Сугарески.

Слични содржини