Државната Изборна Комисија (ДИК) го објави решението за распишување на предвремени парламентарни избори. Решението е објавено во Службен весник, со што и официјално стапи во сила.

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вчера одржаната седница го усвои Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори.

ДИК во рок од три дена од распишување на изборите доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација да ги достави податоците за вработените во државната и локалната администрација, за да може да се извршат евентуални замени во составите на изборните органи.

Комисијата од МВР ќе побара и да и го достави Избирачкиот список со сите податоци кои што треба да ги содржи. Списокот ДИК најдоцна десет дена од денот на распишување на изборите, треба да го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Јавниот увид трае 15 дена и почнува на 26 февруари 2020, а трае до 11 март 2020 до 24 часот, период во кој граѓаните можат да ги достават барањата за запишување, допишување или бришење на податоци од Избирачкиот список.

Слични содржини