Се тестира вакцината против коронавирус: Употребата достапна за 12 месеци?

од Nikola Popovski

Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ произведе експериментална вакцина против коронавирус и ја испрати до американските владини научници за тестирање, објави Си-Ен-Ен, а пренесе N1.

Првите тестови би можеле да започнат во април, но целиот процес на тестирање и одобрување за нова вакцина може да трае најмалку една година.

Во соопштението за печатот издадено во понеделникот, „Модерна“ рече дека првата пратка од нивната вакцина против коронавирус е именувана mRNA-1273 и е испратена до американскиот Национален институт за алергија и заразни болести „НИАИД“.

Првите дози на експерименталната вакцина ќе се користат во првата фаза на тестирање во САД, што обично значи да се тестираат на мал број на здрави лица.

Директорот на „НИАИД“, Ентони Фаучи, вели дека доколку се оди според планот, клиничкото тестирање на новата вакцина би можело да започне до крајот на април годинава, што би бил првиот чекор за потенцијално масовно производство на вакцината.

Американскиот весник „Волстрит журнал“, првиот што известува за развојот на вакцината, вели дека две дози на вакцината ќе бидат тестирани од волонтери за да се утврди дали произведуваат имунолошки одговор што ги штити луѓето од инфекција со коронавирус.

Фаучи рече дека 45 лица ќе учествуваат во таа фаза на тестирање.

Дури и ако клиничкото испитување е успешно, ќе бидат потребни нови испитувања и дозволи пред поширока употреба на вакцината и ако вакцината била итно „истуркана“ преку тестирање, таа не би била достапна најмалку 12-18 месеци за поширока употреба.

Здравствените услуги и фармацевтските компании ширум светот работат напорно за да развијат лек или вакцина за да помогнат во борбата против коронавирусот.

Вакцината наречена mRNA-1273 беше развиена само 42 дена откако компанијата се здоби со слика за геномот на короналниот вирус.

Слични содржини