Агенциите на ОН ќе бараат 3,1 милијарди долари помош за Украина во 2024 година

од Radmila Tasevska

Агенциите на Обединетите нации следната недела, ќе бараат 3,1 милијарда долари за финансирање помош за Украина за оваа година, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН високиот хуманитарен функционер Едем Восорно.

Изјавата на Восорно, директор на Одделот за операции и застапување на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), доаѓа во момент кога ОЦХА и агенцијата за бегалци на ОН се подготвуваат да почнат со планови за Украина на 15 јануари.

ОЦХА соопшти дека повеќе од 14,6 милиони луѓе, или 40 отсто од населението на Украина, ќе имаат потреба од хуманитарна помош оваа година поради руските напади.

Слични содржини