Агент Смит“ инфицираше повеќе од 25 милиони Android уреди

од Vlatko K

Штетна програма со името на култниот херој од „Матрикс“ – Агент Смит – заразила повеќе од 25
милиони уреди под управување на оперативниот систем Android, алармира компанијата за
безбедност „Check Point“.


Апликацијата е дело на кинеска компанија која им помага на развивачите на Android да ги
лоцираат и објавуваат своите програми на странските пазари. Малициозен софтвер е дистрибуиран
од продавницата за апликации 9Apps, популарна на азиските пазари.

„Агент Смит“ ги компромитира апликациите на Android и ги принудува да прикажуваат повеќе
реклами со крадење приходи од нив. Апликацијата е навлезена најмногу во Индија, Пакистан и
Бангладеш, но исто така и во САД, каде се заразени околу 303.000 уреди и во Велика Британија –
137.000.

Во листата на инфицираните од „Агент Смит“ мобилни апликации спаѓаат WhatsApp, Opera, MX Video
Player, Flipkart и SwiftKey. Малициозниот софтвер користи ранливост, која веќе е затворена од
страна на развивачите на Android, но останува достапна во неажурираните системи.

Слични содржини