„Агресорот Путин мислеше дека ќе спроведе блицкриг над Украина, но ги потцени земјата, народот и нивниот патриотизам“

од Vladimir Zorba

За прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина се огласи првата дама на Украина Олена Зеленска. Таа вели дека руската инвазија пред нешто повеќе од една недела била неверојатна, нешто во што тешко можело да се поверува, а потоа на 24 февруари во земјата влегле тенкови, авиони и војска. „Можеби најстрашна е смртта на толку многу деца“, напиша Зеленска.

Таа вели дека деца и жени од Украина сега живеат затворени во засолништа и подруми.
„За други тоа може да бидат само последици од војната, но за Украина сега е ужасна реалност. Војната против овие невини луѓе е двојно злосторство“, напиша Зеленска на својот Фејсбук профил.

„Агресорот Путин мислеше дека ќе спроведе блицкриг над Украина, но ги потцени земјата, народот и нивниот патриотизам. Украинците, без разлика на идеологијата, јазикот, верувањата и националноста, се обединети“, рече таа и додаде дека Русите мислеле дека ќе ги пречекаат со цвеќе како спасители, а добиле – молотови коктели.

Им се заблагодари на сите што помогаат. Таа ги повика медиумите да следат се бидејќи, како што вели, секој доказ е клучен.

„Ова му го кажувам на светот. Војната во Украина таму некаде не е војна. Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ. Украина ја запира силата која утре може да влезе во вашите градови под изговор дека ќе спасува цивили. Украинците нема да се откажат и покрај сите овие ужаси“, рече таа.

„Не знаеме колку време ќе потрае, но ако не го спречиме Путин, кој се заканува со нуклеарна војна, нема да има безбедно место на земјата за нас. Ќе победиме. Поради единството. Поради љубовта за Украина“, заклучи првата дама на Украина.

Слични содржини