Ако девојката ги има овие 9 особини, запроси ја веднаш

од Stefanija Kuzmanovska

Имав низа долги врски што ги завршив затоа што не можев да замислам како ќе живеам до старост со овие луѓе – пишува Кристофер Пост за YourTango.

Пријателите и семејството сметаа дека сум премногу пребирлив и дека треба да се скрасам, но не ме интересираше. За мене, не е како кога купуваш автомобил. Барав некој со кого би можел да имам доживотно партнерство.

Но, благодарение на квалитетите на мојата партнерка, сфатив кои девет квалитети треба да ги красат луѓето со кои сакаме да го поминеме остатокот од животот.

1. Дарува најдобри подароци

Не станува збор само за размена на материјални добра. Секоја година таа ме соборува од нозе со Божиќни подароци, иако и велам дека не ми треба ништо. Но, таа секогаш ме слуша што зборувам, дури и кога не сум свесен дека така откривам што сакам.

2. Има свои цели

Не само што е паметна, туку е и амбициозна и има свои животни цели. Мислам дека животниот партнер треба да има многу повеќе од небулозна листа на работи што сака да ги постигне, а тоа е мотивацијата да ги постигне. Без тоа, не излегувате со некого, туку го чувате.

3. Таа е зрела

Јас сум шест години постар од мојата партнерка, но таа е поодговорниот и постар дел од двајцата во нашата врска. Таа е помудра од нејзините години, тешко се лути и трпи многу повеќе работи отколку јас. Врската меѓу двајца разумни луѓе е, разумна. И добро е да го имате тоа на ум кога сакате тоа да трае до крајот на животот.

4. Таа е одговорна

Мојата партнерка е практична, веројатно затоа што нејзините родители се практични луѓе. И со тоа често доаѓа и одговорноста. Таа секогаш го прави она што ќе вети дека ќе го стори, па затоа знам дека секогаш можам да сметам на неа.

5. Таа сака крофни

Јас еднаш и купив цвеќе. Не е дека не и се допаѓало, но повеќе сака крофни. Кога сега сакам да и дадам до знаење дека размислувам за неа, тоа е изненадувањето што ќе си дозволам. Го обожавам тоа кај неа затоа што не е водена од традиционалните модели на однесување само затоа што треба да се однесува на одреден начин. Таа прави што сака и не се извинува за тоа. Затоа, се чувствувам доволно безбедно и самиот да прифатам таков став.

6. Ја цени отвореноста

Ова е клише затоа што е точно: довербата е основа на здрава врска. Јас и верувам целосно на мојата партнерка и колку што знам, и таа се чувствува исто. Тоа е резултат на фактот дека не криеме ништо едни од други, ниту добро ниту лошо. Дури и ако се чини како нешто тривијално, ние го споделуваме.

7. Таа е прекрасно суштество

Не само што е убава однадвор, мојата партнерка е убава и одвнатре. Убаво е да се биде до неа, таа е позитивна сила во секоја соба и е едоставно добра личност. Никогаш не негирам дека таа е подобра од мене. Затоа не е само мојот живот подобар, туку и животот на луѓето околу нас.

8. Одлично раскажува приказни

Мојата партнерка сака да зборува и таа е полна со приказни. Како дете, дедо и велел да успори и да зборува јасно. Понекогаш неправедно ја замолчувам кога е гласна во погрешно време, како кога се обидувам да заспијам, но не можам да го замислам животот без таа да зборува. Таа не зборува непотребно, туку затоа што размислува. Најголемата причина што сакам да се оженам со неа е затоа што сме среде разговор за кој ќе ни треба цел живот да го завршиме.

9. Таа е секогаш на моја страна

Како и сите парови, и ние имаме свои подеми и падови, но поентата е дека ги имаме заедно. Ние секогаш се грижиме едни за други и си помагаме секогаш кога можеме. Во суштина, ние го поминуваме животот како тим. Таа е моја партнерка во криминал и не би сакал да биде поинаква.

Слични содржини