Актерка платила 400 долари за да ја гледа Дениз Ричардс на „OnlyFans“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната сопруга на Чарли Шин, актерката Дениз Ричардс, отвори сметка на страница за возрасни. Таа на „Only Fans“ објавува провокативни фотографии на кои не остана рамнодушна нејзината колешка и пријателка Тори Спелинг. Всушност, Тори неодамна откри дека два дена трошила околу 400 долари дневно, за да може да ги види фотографиите кои ги објавила Дениз.

„Бев некако фасцинирана од целата работата на Only Fans, и нема да лажам, реков: ‘Дај да погледнам. Што е тоа?’. Па погледнав, и ако не се претплатите, не можете да видите ништо. Така, се разбира, се претплатив под лажно име“, рече актерката и додаде:

„Таму пишуваат, ако им дадете бакшиш, побрзо ќе ви се јават. Затоа реков: ‘Ми се допаѓа тоа што го гледам. Би сакала да видам повеќе’. Потрошив 400 долари за два дена. Не можеш да запреш. Боже, таа изгледа толку добро, па постојано плаќав повеќе пари“.

Да потсетиме, Дениз ја отвори сметката една недела по нејзината ќерка Сами Шин, додека популарниот холивудски актер отворено ја критикуваше нејзината ќерка поради тоа.

„Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Ова немаше да се случи под мојот покрив“, изјави Чарли Шин тогаш за Page Six.

Слични содржини