Актерката се шегувала со вирусот, па потоа се извини

Ванеса Хаџинс, американска актерка која се прослави со улогата на Габриела во филмот High School Musical, не се прослави на социјалните мрежи. Неодамна таа фрустритана од рестирикциите кои сите земји ги поттикнуваат со цел борба против коронавирусот објави видео во кое зборувала за се.

– Тоа дека карантинот ќе трае можеби до јуни звучи како еден куп сра*е. Жал ми е, но тое е вирус. Сфаќам, почитувам тоа, но во исто време мислам дека дури и ако сите го добиеме… Да, луѓето ќе умрат, што е ужасно, но зар не е неизбежно – се запрашала.

По видеото таа заработи и бурни реакции, а бидејќи ситуацијата околу коронавирусот не се смирува и е се потешка, Хаџинс на крајот сфати дека коментарот бил непристоен.

– Не ја сфатив лесно оваа одлука. Останете дома сите. Жал ми е поради своите зборови и ова ми помогна да сфатам во колку сериозна ситуација сме. Чувајте се сите и останете здрави во овие тешки и луди времиња – им порача на фановите.

Слични содржини