Активна мајка, активно дете

од desk2

Жените кои се физички активни во бременоста, веќе почнуваат со кондициони подготовки на своето неродено дете. Кога ќе се роди, детето се огледува на мајката и вежба.

Научниците утврдиле, по долго истражување на 5.500 деца на возраст од 11 до 12 години, дека нивните склоности кон физички активности се под влијание на мајките, и тоа од времето кога биле во стомакот.

Мајките кои во бременоста пливале или брзо оделе раѓаат деца три до четири пати поактивни од останатите, а доколку по породувањето продолжат со некоја физичка активност, тоа има позитивно влијание на формирањето на детските ставови за вежбањето.

Интересно е дека децата родени во есен покажуваат повеќе склоности кон физичка активност. Тие се меѓу најразвиените и најсилните кога ќе тргнат во училиште, а со спортски активности тие се обидуваат таа состојба и да ја задржат.

Слични содржини