Анџелина Џоли се мажеше три пати, а првиот сопруг го изневерила со оваа колешка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Анџелина Џоли досега беше во брак три пати, со колегите Џони Ли Милер, Били Боб Торнтон и Бред Пит.

Таа беше во брак со Милер од 1996 до 1999 година, а се омажи за Торнтон во 2000 година и ги помина следните три години со него. Секако најголемо внимание привлече нејзиниот брак со Бред Пит.

За нивната романса почна да се зборува во 2004 година кога заедно го снимаа филмот „Господин и г-ѓа Смит“, а гласините дополнително се разгореа кога Бред набрзо се разведе од колешката Џенифер Анистон.

Анџелина и Бред ја потврдија врската во 2006 година, кога се дозна дека е бремена од него. Тие се верија во 2012 година, а се венчаа во 2014 година, за во 2016 година да објават дека се разведуваат и оттогаш постојано се појавуваат скандалозни детали од нивната врска и меѓусебни обвинувања.

Двајцата имаат шест деца, три посвоени и три биолошки.

Малкумина знаат дека Анџелина била во врска и со жена.

Станува збор за актерка Џени Шимицу, која Џоли ја запознала на снимањето на филмот „Foxfire“ во 1996 година.

Таа краток период се забавувала со неа иако тогаш била во брак со Џони Ли Милер и отворено зборуваше за таа врска.

„Сигурна сум дека ќе се омажев за Џени ако веќе не бев во брак со Милер“, изјавила Анџелина во 1997 година.

„Бев изненадена кога наеднаш го почувствував за жена она што секогаш го чувствував за мажите. Сакав да ја бакнам и допрам“, додала таа.

Слични содржини