Ангелов: Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а не правите ништо за совојот народ

од Aleksandar Todeski

Иритиран од она што можевме да го чуеме вчера и денеска сакам да кажам дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, рече поранешниот генерал мајор Стојанче Ангелов, претседател на коалицискиот партнер на СДСМ, Достоинство, на вечерашната трибина во Валандово.

„Се изнаслушавме секакви работи за Договорот со Бугарија. Но вчера можевме да го слушнеме претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како на прашање на Борисов вели, цитирам „поткрепиме поткрепиме“ Договорот. Да биде уште поинтересно се мачеше да зборува бугарски јазик иако лошо. Но она што е јасно е дека едно зборува овде на нашите луѓе а друго зборува надвор. Дрскоска отиде дотаму што, она што ние можевме да го слушнеме и да го видиме, тие се обидоа да го негираат. Може само да препоставуваме колку лажат за други работи, рече Стојанче Ангелов.

Тој вели, не е патриотизам ако мафтате со знамиња а не правите ништо за совојот народ.

„Вистински патриотизам е она што го прави оваа Влада, економски патриотизам, кој носи придобивки за сите наши граѓани“, додаде Ангелов.

Слични содржини