Англичаните убедливи со дебитантот Панама

од desk2

 

Англиската репрезентаија со убедливата и супер-лесна 6:1 победа над Панама го осигураа патот до осминафиналето во Русија.


Англискиот капитен Хери Кејн постигна хет-трик со два гола од пенал и еден удар кој случајно заврши во неговата нога и во голот на Панама, за сега со пет гола да е најдобриот стрелец по некомплетното второ коло на шампионатот пред Белгиецот Ромелу Лукаку и Португалецот Кристијано Роналдо.

Англија и Белгија се веќе квалификувани пред својата меѓусебна пресметка, а Тунис и Панама во последното коло ќе се борат за утешна победа.

Слични содржини