Апасиев: Ако не ги напуштиме преговорите со Бугарија, ќе станеме Турција 2

од Nikola Popovski

„Нашата декларација, ако се смилува монархот Талат Џафери да ја стави на дневен ред, можеби некогаш ќе дојде на ред и тогаш се надеваме на поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев за емисијата „Само вистина“, зборувајќи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугаријам, додавајќи дека ќе ја поддржат.

Според него, во 9-та точка од нивната декларација, предвиделе се и затоа ја нарекуваат Македонска национална платформа.

„Црвените линии според нас се унитарноста на Македонија, секуларноста, територијалниот интегритет, идентитетот и државните симболи. Тие се НЗС, зад кои треба да застане секоја македонска партија и мора да го стави потписот“, рече Апасиев, додавајќи дека мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија.

„Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме Турција 2, која триесетина години преговара со ЕУ“, истакна пратеникот.

Слични содржини