Апасиев: Ако утре не ни дозволат да поставиме пратенички прашања, ќе се качиме на говорница, па нека не вадат со обезбедување

од Nikola Popovski

„Ние сме во пат позиција во Собранието. Мнозинството нема кворум за работа, што е елементарна обврска“, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, утре е ден за пратенички прашања, а на нив како партија од Нова година не им се овозможува да постават прашања.

„Утре имаме, па ќе видиме дали. Можно е да направиме скандал како Алтернатива, па да се качиме на говорница, па да не вадат со обезбедување, со цел да анимираме дека ни се скратува уставното право. Не знам зошто не ни дозвлуваат, ќе мора да го прашате Џафери“, рече Апасиев на прашање на водителката, дополнувајќи дека додека мнозинството не обезбеди кворум, тие како партија нема да влезат во Собрание.

Слични содржини