Арсовска ќе го гради булеварот „Боца Иванова“: „Десетина семејства ги прошириле дворовите на државно земјиште“

од Nikola Popovski

Се работи за капитален проект со кој што се гради целосно ново булеварско решение, кое вклучува и изградба на нова водоводна и атмосферска мрежа, како и ново улично осветлување. Согласно ГУП на градот Скопје, булеварот е прекинат со изградба уште во 2002 година, а подоцна потврден во 2012 со ГУП кој што е се уште актуелен, кога градоначалник бил Коце Трајановски. Булеварот е ветуван нешто повеќе од 20-тина година и се простира на државно земјиште, изјави денеска на прес-конференција Данела Арсовска во однос на предвидениот булевар „Боца Иванова“ во општина Бутел.

Според неа, „на дел од трасата десетина семејства ги прошириле сопствените дворови на тоа државно земјиште и со тоа го узурпирале“.

-Во оваа држава постои закони. Да не потпаѓаат на политичките игри на политиканти. Овие граѓани мораат да бидат информирани дека одговорноста за узурпација на државно земјиште е нивна. За обвинувањата на градоначалникот Костовски, тој не смее да напаѓа за нешто каде што одговорноста е исклучително негова. Од ова сега не се одзема од никого, тоа е државно земјиште. Не треба да се манипулира со граѓаните, рече Арсовска.

-Зборуваме за 100 илјади што сакаат ова да се реализира. Зборуваме за средства на граѓаните кои треба да се инвестираат во подобра инфраструктура. Ова е ветувано повеќе од 20 години. Не може неправото на неколкумина да го елиминира правото на сите жители на општина Бутел, додаде градоначалничката.

Градската мајка информира дека изградбата на булеварот ќе започне во следните неколку недели.

Слични содржини