Артета: Арсенал станува сила

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги пофали своите играчи по победата со 3-2 на гости против Ватфорд во неделата. Ова беше четврти успех во низа во корист на „топчиите“, кои го заземаат четвртото место во поредокот.

„Ние стануваме подобри. Разбирањето меѓу играчите се подобрува. Моравме да постигнеме повеќе голови денес (вчера). Гледам желба за подобрување на тренинзите секој ден. Играчите уживаат во времето заедно. Успеваме да ги победиме натпреварите и тоа е исто така важно. Дозволивме некои опасности пред нашата мрежа и не се претставивме на најдоброто можно ниво во одбраната. Секој натпревар е многу важен, а сега ни претстојат три последователни клучни натпревари“, изјави Артета за BBC Sport.

Следни противници на тимот од Лондон се Лестер, Ливерпул и Астон Вила.

Слични содржини