Артета во елитно друштво

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се смести во елитно друштво во својата тренерска кариера.

Вчера „топчиите“ го совладаа Шефилд Јунајтед со експресивни 6:0. Тоа пак значи дека под водство на шпанскиот стручњак тимот на лондончани има постигнато импресивни 300 гола. Овие голови се постигнати на 161 натпревар во кои Артета беше на чело на Арсенал.

Само четворица стручњаци стигнаа до 300 гола на помалку натпревари. Станува збор за Пеп Гвардиола (120 меча), Јирген Клоп (142 меча) и Мануел Пелегрини (149 меча).

Арсенал моментално е на третата позиција во привремениот пласман зад Ливерпул и Манчестер Сити.

Тимот на почетокот на сезоната постигна 68 гола, а прими само 23.

Слични содржини