Ашер повторно се разведува

од Vladimir Zorba

Не сме слушнале ништо ново од Ашер подолго време, како музика, но веројатно има причина. И тоа може да е поради односите со неговата сопруга Грејс Мигел.

Е таму очигледно работите не се одвиваат добро, бидејќи тие двајцата објавија дека се разделуваат.

Пред Us Weekly, тие велат дека одлуката била тешка, но неопходна.

Двајцата се во брак од септември 2015 година, но според извори на публикацијата, тие живеат раздвоено веќе неколку месеци.

Нивната љубов започна во 2009 година, откако Ашер се раздели со својата прва жена, Тамека Фостер, од која има две деца.

Слични содржини